Менаџерот на Лидс Јунајтед, Сем Алардајс стана менаџерот со најкраток стаж во историјата на Премиер лигата. Тој потпиша за Лидс Јунајтед на четири натпревари пред крајот на сезоната. Под негово водство клубот ремизираше и претрпе три порази.
На крајот на сезоната Лидс Јунајтед испадна од Премиер лигата, што беше една од причините за заминувањето на тренерот. Договорот на тренерот со клубот беше раскинат со заеднички договор на двете страни.
„Му благодариме на Сем што беше доволно храбар да дојде на работа и да даде се од себе за да не спаси. За жал, тоа не се случи, но Сем и неговиот тренерски тим направија се што е можно за да ги израдуваат нашите навивачи, за што сите сме многу благодарни“, се вели во соопштението на клубот.
Сем Алардајс беше на чело на Лидс Јунајтед само 30 дена.

