Реал Мадрид потврди со соопштение дека ја прекинува соработката со младиот играч, Мариано Диаз.
29-годишниот фудбалер кој потекнува од академијата на „кралевите“, успеа да освои два пехара во ЛШ, три Светски клупски првенства, три пехари во Ла Лига, еден Куп на Шпанија и два Супер-купа.
Засега нема информации каде ќе продолжи кариерата на Диаз иако за него се заинтересирани неколку екипи од Шпанија и Англија.

