Марко Асенсио одлучил да не потпише нов договор со Реал Мадрид и покрај намерата на Карло Анчелоти да ги користи услугите на шпанскиот крилен напаѓач. Фудбалерот размислувал каде да замине по оваа епизода во Реал и по се изгледа одлуката ќе падне на ПСЖ.
ПСЖ е многу блиску до потписот на Марко Асенсио. Договорот меѓу играчот и клубот е веќе факт, а договорот ќе биде со важност до 2027 година. За финализирање на трансферот се погрижил лично Луис Кампос.
Се очекува Асенсио да ги потпише сите документи следната недела, по неговото збогување со навивачите на Реал Мадрид.

