Ливерпул, по се изгледа, ги заврши сите формалности околу потписот на аргентинскиот репрезентативец Алексис Мек Алистер. Според инсајдерот Фабрицио Романо, но и според медиумите блиски до клубот, во текот на утрешниот ден Мек Алистер ќе дојде во медицинскиот центар на Ливерпул за да ги мине лекарските прегледи.
Според информациите, досегашниот фудбалер на Брајтон ќе потпише 5-годишен договор со „црвените“ кој ќе го задржи на „Енфилд“ до 2028 година. Ливерпул ќе плати нешто помалку од бараните 60 милиони фунти за трансферот, а прогнозата вели дека тоа ќе биде сума меѓу 45 и 55 милиони која треба да се дефинира во следните 48 часа.

