Фудбалерите на Интер на 10 јуни во Истанбул ги чека финалето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити предводен од Де Бруин и Халанд на теренот и Пеп Гвардиола на клупата.
Иако според проценките англичаните се фаворити на хартија, Извршниот директор на „нероаѕурите“, Џузепе Марота, вели дека италиајнскиот состав нема да истрча со бело знаме
. „Манчестер Сити заслужи да се пласира во финалето, тие се еден од најмоќните финансиски клубови. Сепак, убавината на фудбалот е во тоа што предвидувањата можеби нема да се остварат“ – изјави Марота.

