Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Муса Дембеле не го продолжи договорот со Лион и заминува ова лето
    Фудбал

    Муса Дембеле не го продолжи договорот со Лион и заминува ова лето

    risteBy riste07/06/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Француски Олимпик Лион објави дека напаѓачот Муса Дембеле летово ќе го напушти тимот – играчот не го продолжи договорот.

    „Со пристигнувањето во клубот во август 2018 година, неколку часа пред затворањето на преодниот рок од Селтик Глазгов, на Муса Дембеле не му требаше многу време да се аклиматизира во францускиот шампионат. Играчот кој потекнува од ПСЖ во првата сезона за Лион постигна 20 гола на 46 натпревари. За време на сезоната 2019/2020, тој учествуваше во херојската сезона на Лион во Лигата на шампионите. По позајмица во Атлетико Мадрид на почетокот на 2021 година, за време на која ја освои шпанската титула, Муса Дембеле продолжи да игра за Лион на своето вообичаено ниво. Во сезоната 2021/2022, тој постигна 22 гола на 36 натпревари. Посебно ќе го паметиме неговиот удар на самиот крај на мечот против Марсеј во една од февруарските вечери во 2022 година, кој ни донесе победа. На 172 натпревари за Лион, тој постигна 70 гола и даде 19 асистенции. Ти благодариме, Муса, и имај добра кариера!“ – се вели во пораката објавена од прес-службата на Лион.

    На крајот од сезоната 2022/2023, Лион го зазеде седмо место во францускиот шампионат и нема да игра во европските натпреварувања. Исто така во текот на оваа сезона функцијата ја напушти и поранешниот сопственик и претседател на клубот Жан Мишел Ола.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.