Шампионот на Саудиска Арабија Ал-Итихад продаде повеќе од 56.000 билети за настапот на Карим Бензема на стадионот „Крал Абдула Спортс Сити“ во Џеда.
Ова се случи само неколку часа откако беше објавен трансферот на минатогодишниот добитник на Златната топка. Билетите за настапот на францускиот напаѓач и поранешен капитен на Реал Мадрид на стадионот со капацитет од 62.000 луѓе почнуваат од само девет ријали (2,40 долари). Илјадници поддржувачи, облечени во клупските бои со жолто и црно, го поздравија Бензема при неговото пристигнување во градот во средата вечерта.
Бензема (35) беше првото засилување за Ал-Итихад, кој ја освои својата прва титула од 2009 година, а во тимот требаше да се приклучи уште еден Французин, Н’Голо Канте. Кристијано Роналдо широко ја отвори вратата на професионалната лига на Саудиска Арабија со потпишување на мултимилионски договор со Ал-Насер во декември.
На мета на саудиските клубови се и други големи имиња од европскиот и светскиот фудбал, како Серхио Бускетс, Анхел Ди Марија, Жорди Алба и Серхио Рамос.

