Англискиот Ливерпул на својата официјална веб-страница го објави купувањето на играчот од средниот ред на Брајтон, Алексис Мек Алистер.
24-годишниот аргентински фудбалер успешно го помина лекарскиот преглед и ги договори условите на личниот договор.
„Чувството е неверојатно, тоа е остварување на сонот. Едвај чекам да ја започнам мојата игра за клубот. Сакав да се приклучам на тимот од првиот ден од подготвителната сезона, па добро е што се случи така. Со нетрпение очекувам да се сретнам со моите соиграчи. Оваа година беше фантастична за мене – освојување на Светското првенство, она што го постигнавме со Брајтон. Но, сега е време да размислувам за Ливерпул и да се трудам секој ден да бидеме подобар играч и подобар човек“, го коментираше неговиот потег Мек Алистер.

