Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, кој настапува како позајмен од Челзи, вели дека сака да остане во италијанскиот тим.
Сепак, работите ќе зависат и од новиот тренер на „сините“, Маурисио Покетино, кој ќе треба да одлучи дали сака да го врати назад на стадионот – „Стемфорд Бриџ“ или ќе му дозволи да остане кај „нероаѕурите“.
Медиумите наведуваат дека судбината на интернационалецот од Белгија ќе се решава по претстојното финале во Лигата на шампионите меѓу Интер и Манчестер Сити.

