Ракометниот тим Еурофарм Пелистер успеа да го задржи Каспер Кисум и за наредната сезона во која битолчани ги очекува настапот во Лигата на шампионите.
Данскиот интернационалец со неговото богато искуство ќе биде еден од адутите на пелистерци. Левиот бек кој пристигна во почетокот на годинава ја прифатил понудата да игра и во сезоната 2023/24.
Претходно, кога станува збор за интернационалците, беше потврдено доаѓањето на репрезентативецот на Словенија, Нејц Цехте.

