Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, откри како се подготвува за финалето од Лигата на шампионите против Интер.
„Секако, со нетрпение го очекувам овој натпревар. Во спротивно, не би играл фудбал. Во такви финалиња, секогаш е важно повеќе да се посакува победа отколку да се плашите да изгубите. Впрочем, ова не е испаѓање – ова е главното финале во светскиот клупски фудбал! Треба само да се обидете максимално да уживате и постојано да се потсетувате низ што сте поминале за да имате привилегија да играте таму. Да ми кажеа на 18 години дека ќе играм во три финалиња во Лигата на шампионите, ќе сметав дека таа личност е ментално болна. Затоа не размислувам за негативни сценарија“, изјави Гундоган.
Финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра вечерва во Истанбул со почеток во 21:00 часот

