Фудбалерот на Интер, Фредерико Димарко, вели дека неговиот тим одлично му парирал на Манчестер Сити во финалето во Лигата на шампионите и дека не заслужи да загуби.
Мечот на стадионот во Турција го реши погодокот на Родри во 68 минута иако „нероаѕурите“ ја погодија пречката и имаа уште две одлични шанси за гол.
„Тажни сме бидејќи го загубивме најголемиот натпревар во сезоната. Топката не сакаше да влезе во голот. Горд сум на екипата“ – вели Димарко по вчерашното финале во Истанбул.

