Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, вели дека пехарот не го очекувал ниту во најлудите соништа.
„Тоа покажува дека е можно да успеете и како дете од мал град во Норвешка. Кога ќе спадне еуфоријата повторно ќе го посакам трофејот во Лигата на Шампиони“ – вели Халанд.
„Имав шанса и да постигнам гол во финалето, да беше мој ден ќе дадев два“ – нагласи првиот голгетер на „граѓаните“.

