Фудбалерите, Џуд Белингем и Луис Данк, поради повреда ќе мора да ги пропуштат јунските дуели за селекцијата на Англија.
Белингем паузира подолг период и не успеа да и помогне на Борусија (Дортмунд) да ја освои титулата во Бундес-лигата додека дефанзивецот на Брајтон не може да се опорави навреме поради повредата што ја заработи во финишот на сезоната во Премиер-лигата.
Англија на 16 јуни ќе гостува кај Малта а на 19-ти ќе ја пречека Македонија.

