Репрезентативецот на Франција, Адриен Рабиот, се повредил на еден од тренинзите и нема да игра во јунските квалификациски мечеви за Европското фудбалско првенство.
Селекторот, Дидие Дешам, веднаш на неговото место го повика членот на Астон Вила, Бубакар Камара, кој имаше одличен финиш на сезоната.
„Галските петли“ в петок ќе гостуваат кај Гибралтар додека три дена подоцна ќе ја пречекаат Грција во Париз.
