Тој е најуспешниот претседател во историјата на фудбалот откако ги предводеше „росонерите“ до 28 трофеи за 30 години.
Берлускони се израдува на пет титули во Лигата на шампионите, осум титули на Италија, пет европски Суперкупа, шест италијански Суперкупа, два Интерконтинентални трофеи, еден пехар од светското клупско првенство и еден во Купот на Италија.
Берлускони се раздели со Милан во 2017 година. Тој до неодамна беше претседател на Монца која успеа да влезе во Серија А.

