Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед до крајот на неделава може да добие нов сопственик, најавуваат медиумите во Англија.
Според наведеното, британскиот милијардер, Сер Џим Ретклиф, е главниот фаворит иако инвеститорите од Катар на чело со шеикот Џасим бин Хамад ал Тани, дале нова понуда која е блиску до 6 милијарди фунти што ги бара семејството Глејзер.
Процесот на продажба на Манчестер Јунајтед започна уште во ноември а навивачите се надеваа дека ќе биде завршен пред отворањето на летниот преоден рок на 14 јуни.

