Реал Мадрид работи на последните детали од договорот за напаѓачот на Еспањол, Хоселу, со што се очекува да биде комплетиран во следните неколку дена, тврди специјалистот за трансфери Фабрицио Романо.
Од Реал Мадрид работат на овој трансфер веќе неколку недели, а Карло Анчелоти и Флорентино Перез сакаат да го донесат крилниот напаѓач на „Сантијаго Бернабеу“ на позајмица цела сезона со идеја повеќе да биде замена за Маријано Дијаз.
Самиот Хоселу ги договорил личните услови со газдите од Мадрид пред една недела и чека договор меѓу двата клуба. Напаѓачот забележа одлична статистика со 16 гола и 2 асистенции во 34 натпревари во Ла Лига минатата сезона, но сепак тоа не беше доволно и Еспањол испадна од лигата.
Реал Мадрид веќе го ангажираше Фран Гарсија од Рајо Ваљекано, Браим Дијаз се враќа од Милан, а како ново засилување се очекува многу брзо да биде претставен Џуд Белингем.

