Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, може да ја продолжи кариерата во Ливерпул. Според „Ел Национал“, англискиот клуб претходно понудил 60 милиони евра за 24-годишниот Уругваец, но Реал барал 100 милиони евра за играчот.
Сега Ливерпул е подготвен да ја зголеми понудата на 80 милиони евра плус 20 милиони евра во вид на бонуси. Во сезоната 2022/23, Валверде одигра 56 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања, во кои постигна 12 гола и седум асистенции.
Минатата недела Ливерпул го објави потписот на играчот на Брајтон и актуелен светски шампион Алексис Мек Алистер. За 24-годишниот играч од средниот ред Ливерпул плати 35 милиони евра.