Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Лукас Ернандез го известил Баерн Минхен дека сака да оди во ПСЖ
    Фудбал

    Лукас Ернандез го известил Баерн Минхен дека сака да оди во ПСЖ

    risteBy riste14/06/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Дефанзивецот на Баерн, Лукас Ернандез го известил клубот од Минхен за неговата желба да се пресели во ПСЖ. Ова го пренесува новинарот Флоријан Плетенберг во својот „Твитер“ профил.

    Ернандез сака да го напушти Баерн една година пред истекот на договорот. Раководството на Баерн е подготвено да го пушти играчот, но само доколку ПСЖ ја плати потребната сума. Клубот сака 60 милиони евра за Лукас и исто така вклучува бонус дел во зделката. ПСЖ треба наскоро да донесе одлука.

    Во 2019 година, Ернандез се пресели во Баерн Минхен од Атлетико Мадрид. Трансферот изнесуваше 80 милиони евра. Минатата сезона Лукас за Баерн одигра само 11 натпревари во сите натпреварувања поради повреда. Неговиот тим го зазеде првото место во германскиот шампионат, пред Борусија Дортмунд.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.