Голманот на нашата најдобра фудбалска репрезентација вели дека мора да го дадеме нашиот максимум на теренот за да извлечеме поволен резултат на утрешниот меч со Англија во квалификациите за ЕП.
„ Мора само да бидеме концентрирани, за да може да дојдеме до посакуваната цел. Имавме перфектни шеесет минути со Украина, но, сепак, мечот трае 90. Немавме концентрација и фокус до крајот и така загубивме“ – вели Димитриевски
„Сега ни следи нов меч, за ново докажување. Мора да имаме подобар фокус, само така можеме до победа или нерешен резултат“ – изјави нашиот голман.

