Шпанската фудбалска репрезентација за првпат ја освои Лигата на нации, откако синоќа во финалето против Хрватска, славеше по подобро изведување на пенали со 5:4.
Шпанија успеа да го освои трофејот веќе во четвртиот натпревар под водство на Луис де ла Фуенте, кој беше назначен за селектор во декември 2022 година.
Последниот турнир што го освоија Шпанците беше Евро 2012 година.
Голманот Унаи Симон стана рекордер во шпанската репрезентација по бројот на одбрани при изведувањето на пенали. Голманот на Атлетик ги одбрани ударите на хрватските фудбалери Ловро Мајер и Бруно Петковиќ во финалето на Лигата на нации со што дојде до бројката од 6 одбранети пенали во пенал-рулетите. Претходниот рекорд го држеше Икер Касиљас со 5 одбрани.

