Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Покетино нема да бара нов голман, ќе му даде шанса на Кепа Аризабалага
    Фудбал

    Покетино нема да бара нов голман, ќе му даде шанса на Кепа Аризабалага

    risteBy riste20/06/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино се чини дека се откажа од идејата да бара нов голман ова лето. Аргентинскиот стручњак решил да ризикува и да му даде шанса на Кепа Аризабалага да биде број 1 на голот на лондончани во новата сезона, тврди „Ивнинг стандард“.

    Во последните денови многу се шпекулира дека Челзи е во потрага по нов голман, а последен се споменуваше Џорџ Мамардашвили од Валенсија. Привлекувањето на нов голман изгледа уште поитно откако стана јасно дека Едуард Менди е пред трансфер во правец на Саудиска Арабија. Сепак, Покетино не сака нов голман и има намера да се потпре на Кепа, со надеж дека ќе го врати Шпанецот во најдобрата форма.

    Челзи плати рекордни 80 милиони евра на Атлетик Билбао за Кепа во 2018 година. Сепак, Шпанецот прикажа променлива форма и во еден момент го загуби стартното место. Минатата сезона, забележа 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои прими 45 гола и имаше 12 „чисти“ мрежи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.