Манчестер Сити ја испрати првата понуда за фудбалерот од средниот ред на Челзи, Матео Ковачиќ кој има договор со „сините“ до наредното лето.
Таа е во висина од 25 милиони фунти. Според медиумите во Англија, хрватскиот фудбалер претходно ги договорил личните услови со „граѓаните„ што значи дека останува само двата тима да ја договорат трансферната сума.
29-годишниот Ковачиќ има играно за Динамо Загреб, Интер и Реал Мадрид. За „коцкестите“ се појавил на 95 средби и постигнал пет голови.

