Фудбалерот на Интер, Стефан де Врај, ја продолжил соработката со „нероаѕурите“ за уште две години иако имал понуда да замине во Саудиска Арабија во екипата на Ал Шабаб.
Тоа денеска го потврди неговиот агент, Федерико Пасторело, со напомена дека самиот фудбалер не сакал да си замине од Милано и италијанскиот фудбал.
„Ги прецизираме сите детали. Потврдувам дека имаше исклучително интересна понуда од Саудиска Арабија но, Стефан има 31 година. Тој одлучи да остане иако имаше и други понуди“ – изјави Пасторело.

