Тренерот на Лече, Марко Барони, не ги прифатил новите услови на раководството и затоа ќе си замине од клубот.
59-годишниот фудбалски стратег седна на кормилото во јули 2021 година и успеа веднаш да го внесе тимот во Серија А. Лече минатата сезоната ја заврши на 16-тото место со 8 победи, 12 нерешени и 18 порази.
Барони иако добил понуда за нов договор на уште една година и зголемување на платата, истата не ја прифатил. Фаворит за неговото место е Роберто Д’Аверса а меѓу кандидатите се и Филипо Инзаги и Андреа Пирло.

