Фудбалерот, Ангел ди Марија е блиску до потпишување договор со португалската Бенфика. Изворот тврди дека преговорите се при крај и дека договорот ќе биде официјално потврден во наредните денови.
Аргентинецот треба да остане во Португалија до јуни во 2024 година. Ди Марија летово си замина од Јувентус откако му истече договорот.
38-годишниот ветеран одигра 40 натпревари за „старата дама“ на кои постигна 8 голови и имаше 7 асистенции.
.