Аргентинскиот фудбалер, Лео Меси, кој го напушти ПСЖ во текот на летово и замина во САД во екипата на Интер, Мајми, му порачал на Килијан Мбапе да оди во друг состав.
„Јас би сакал да одиш во Барса но, ако сакаш да одиш во Мадрид, оди, заслужуваш вистински победнички проект“ – биле зборовите на Меси упатени кон Французинот.
Меси и Мбапе две години ја делеа соблакувалната на – „Паркот на принцовите“.