Баерн и официјално го објави потписот со вториот нов играч ова лето. Португалскиот интернационалец Рафаел Гереиро потпиша тригодишен договор со Баварците.
29-годишниот лев бек пристигнува со слободен трансфер од Борусија Дортмунд.
„Го направив мојот избор брзо штом ме повика Баерн. За мене е чест да играм во толку голем клуб и го ценам Томас Тухел од нашето време заедно во Дортмунд“, изјави Гереиро за официјалниот сајт на Баерн.

