РБ Лајпциг денеска и официјално го објави потписот на Криштоф Баумгартнер од Хофенхајм.
23-годишниот австриски репрезентативец потпиша петгодишен договор со „биковите“, заклучно до 2028 година. Баумгартнер сега е вториот најскап играч што Лајпциг некогаш го купил за околу 27 милиони евра.
Потписот на Баумгартнер е четврти за Лајпциг ова лето. Пред крајот на сезоната, Лајпциг веќе ги договори зделките за Бенџамин Шешко и Николас Зејвалд од Салцбург. На крајот на сезоната го најавија потпишувањето на Леополд Зингерле од Падерборн како резервен голман, а следната недела на позајмица ќе го добијат и Карваљо од Ливерпул.

