Женската тениска репрезентација на Македонија, е победник на Третата европска зона во Били Џин Кинг купот, па во наредното издание на ова натпреварување, нашите најдобри тенисерки ќе играат во поквалитетната Втора зона.
Денешното финале, Македонија го играше со Ерменија и победи со 2:1 во победи. Ерменија поведе благодарение на триумфот на Мурадјан над Стоилковска, на 1:1 изедначи Ѓорческа која со максимални 6:0 и 6:0 ја прегази Давтјан, а потоа во решавачкиот меч во двојки, Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска ги совладаа Мурадјан и Давтјан со 2:0 во сетови (6:3, 6:2).
Македонските тенисерки ги добија сите мечеви во Третата зона кои се играа во Скопје. Во Втората Евроафриканска Зона противници ќе ни бидат селекции како БиХ, Естонија, Грузија, Израел, Косово, Литванија и Јужна Африка.

