Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Јувентус планира да го продаде Пол Погба ова лето
    Фудбал

    Јувентус планира да го продаде Пол Погба ова лето

    risteBy riste30/06/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Раководството на Јувентус не ја исклучува можноста во летниот преоден рок да го продаде играчот за врска Пол Погба. Минатата сезона беше ужасна за Французинот, кој едвај играше додека се справуваше со серија повреди. Токму поради тоа во Јувентус имаат тенденција да го пуштат со добра понуда, открива „Газета дело спорт“.

    Погба минатото лето се врати во Јувентус со големи очекувања. Сепак, тој го повреди коленото пред почетокот на сезоната и беше надвор од терените со месеци. Неговата одлука да не се оперира со надеж дека ќе игра на Светското првенство дополнително ги налути сопствениците на Бјанконерите. А откако се опорави од повредата на коленото, се здоби со уште неколку полесни повреди на мускулот и успеа да одигра само 161 минути на теренот во 10 натпревари.

    30-годишниот Французин има договор со „старата дама“ до 2026 година и во овој момент нема желба да си замине. Тој е многу амбициозен повторно да се докаже со тимот на Јуве и да се реваншира за последната сезона. Тој дури најави дека ќе продолжи со тренинзите на 2 јули, што е 8 дена порано од денот кога тимот ќе ги започне подготовките. Сепак, можноста за негова продажба во никој случај не е исклучена. Погба е со една од највисоките плати во клубот, а Јувентус не е во добра финансиска состојба. Па со добра понуда сигурно ќе биде пуштен.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.