Астон Вила официјално го објави потписот на Јури Тилеманс. Веќе на 10 јуни повеќето експерти за трансфер објавија дека белгискиот играч за врска се согласил да се пресели на „Вила Парк“, но до сега немаше официјална потврда за зделката.
Играчот од средниот ред пристигнува во Бирмингем на слободен трансфер откако вчера му истече актуелниот договор со Лестер. Тој помина четири сезони како играч на „Лисиците“.
Официјалната веб-страница на Астон Вила информира и дека тој бил на лекарски прегледи во локална болница, по што го потпишал договорот. Во моментов не е јасно на колку години е договорот на играчот. Тој станува првото ново засилување на Унаи Емери за следната сезона, но наскоро се очекува да биде комплетиран и договорот за Пау Торес од Виљареал.

