Манчестер Јунајтед упатил чудно барање до Давид Де Геа да не потпишува договор со друг клуб, пишува весникот „Сан“. Договорот на Шпанецот истече вчера и тој сега и официјално е слободен играч. Двете страни преговараа со месеци, но не успеаја да постигнат договор.
„Атлетик“ оваа недела ја објави веста дека шпанскиот голман потпишал нов договор со значително намалена плата, што му беше понудено од „црвените ѓаволи“, но беше ставено на вето од Ерик тен Хаг по неговото враќање во клубот. После тоа, од „Олд Трафорд“ испратија нова понуда со уште помали параметри, која се уште е на маса, но Де Геа во овој момент не ја прифаќа.
Манчестер Јунајтед веќе е во многу напредни преговори со Интер за потписот на Андре Онана, но сепак се надеваат дека Де Геа ќе почека да види како ќе се развива ситуацијата. Доколку пропадне договор за Камерунецот, тие повторно ќе се обратат кај Шпанецот и ќе направат се што можат за да го задржат на „Олд Трафорд“.

