Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езџјан Алиоски, си замина од Фенербахче и се врати во Саудиска арабија во екипата на Ал Ахли.
Нашиот интернационалец кој помина една година на позајмица во турскиот гигант, официјално се збогува со клубот од Истанбул. -Секогаш е тешко да се каже збогум но, таков е животот. Благодарам на големата поддршка и ми беше чест да бидам дел од овој голем клуб“, објави Алиоски.
Тој претходно играше во Лидс Јунајтед, Лугано, Шафхаузен и Јанг Бојс.

