Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски може да има нов клуб затоа што неговиот сегашен тим, Рајо Ваљекано размислува да го продаде, јавуваат медиумите од Шпанија.
Димитриевски веќе неколку лета се поврзува со трансфер и заминување од Ваљекас. Повеќе шпански клубови се интересираат за голманот на нашиот национален тим, а во еден период се споменуваше и Реал Мадрид како опција, каде би бил втор голман. Според најавата замена за Димитриевски во Рајо Ваљекано би бил Луис Максимилијано од екипата на Лацио. За него Рајо Ваљекано ќе треба да плати 8,5 милиони евра.
29-годишниот Димитриевски дојде во Рајо пристигна во 2018 година, а претходно настапуваше за Гимнастик, Гранада, Б-тимот на Кадиз, а во Македонија беше на голот на Работнички.