Шпанецот, Карлос Алкарас, ја коментираше победата со 3-0 ( 6:0, 6:2, 7:5) против Џереми Чарди во првото коло на тениските терени на „Вимблдон“.
„Мислам дека одиграв многу добро во почетокот на мечот. Да, имав проблеми но, сакам да се борам, сакам да играм долги сетови, па затоа сум многу среќен како испадна“ – вели Алкараз.
„Покривот не ми направи проблем. Не размислувам за тоа. Очигледно ќе беше подобро да се игра без покрив на сончево време но, сепак ја задржав концентрацијата“ – изјави Алкараз.

