Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Денис Закартија, може да се пресели во Вест Хем за околу 18 милиони евра иако клубот од Торино бара најмалку 25 милиони за 26-годишниот швајцарски репрезентативец.
Доколку „старата дама“ го реализира трансферот, тогаш парите ќе ги пренасочи за купување на играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Закарија во изминатата сезона беше на позајмица во Челзи. Тој даде 1 гол на 11 натпревари.

