Рис Нелсон ќе продолжи да игра за екипата на Арсенал. 23-годишниот фудбалер од средниот ред потпиша нов четиригодишен договор со лондончани со опција за продолжување на уште една сезона.
На 30 јуни, Англичанецот стана слободен агент, но, ги одби понудите од Серија А, Лига 1 и Премиер.
Тој во 18 натпревари минатата сезона во сите конкуренции постигна 3 гола и даде 3 асистенции.

