Нашиот најдобар тенисер на АТП листата, Калин Ивановски, успешно ги започна квалификациите за место на главниот турнир во Јаши во Романија.
Тој денеска го совлада Бреендон Вокин од Австралија со 2-0 по сетови идентично 6:2. Челинџерот на Карпатите се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Калин во последното коло од елиминации ќе се сретне со Романецот, Дан Александро Томески кој денеска го совлада Илја Снитари од Молдавија со 2-0 по сетови 6:4 и 6:2.

