Шампионот на Саудиска Арабија, Ал Итихад, му понудил 100 милиони евра на Пол Погба. Понудата е за период од три години, а Погба преку својот агент се уште не одговорил на понудата.
Арапите сега го посакуваат Погба од Јувентус, кој минатата сеозна поради повреда практично и не играше за „Старата Дама“. Погба ја посетил базата на Ал Итихад при посетата на Саудиска Арабија и најавил дека ќе ја разгледа понудата.

