Познатиот српски фудбалер Александар Коларов повеќе не е спортски директор на италијанска Пиза.
Веста ја потврди новинарот Џанлука Ди Марцио, кој истакнува дека зад разделбата стојат лични, но и професионални причини. Малкумина го очекуваа ова кога Коларов пристигна на тоа место пред нешто повеќе од еден месец и потпиша двегодишен договор.
Се добива впечаток дека именувањето на Алберто Аквилани за нов тренер на тимот беше камен на сопнување меѓу Коларов и управата. Коларов сакаше на ова место да го види Андреа Пирло, но очигледно управата имала други планови.

