Младиот фудбалер, Јан Бисек, кој е роден во Германија а води потекло од Камерун, денеска треба да потпише за италијанскиот Интер.
Тој ќе ги реализира задолжителните лекарски прегледи и ќе ги финишира сите формалности пред да потпише за „нероаѕурите“.
Тимот од Милано за неговиот потпис ќе му плати на данскиот Архус 7 милиони евра. 22-годишниот стопер е стандарден во младата селекција на „панцирите“.

