Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ одигра без голови (0:0) на првиот мечод 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите против екипата на Жалгирис. На теренот на литванскиот првак, стружани одиграа добар натпревар во кој успеаја да ја сочуваат мрежата и да си обезбедат добар стартен резултат пред реваншот на домашен терен следната недела.
Жалгирис имаше неколку добри шанси и во првото и во второто полувреме, но благодарение на одличните одбрани на Ќосевски, Струга остана непоразена. Нашиот првак имаше еден зицер преку Шабани во првото полувреме и неколку добри прилики во вториот дел.
Реваншот ќе се одигра за седум дена на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

