Играчот од средниот ред на холандски АЗ Алкмар, Тижани Рајндерс е се поблиску до трансфер во Милан. Италијанците веќе постигнале вербален договор со АЗ Алкмар за трансфер на Рајндерс, информира Фабрицио Романо. „Росонерите“ ќе платат 20 милиони евра, плус бонуси за неговиот потпис.
Фудбалерот на почетокот на следната недела ќе ги мине медицинските прегледи во Милано. 24-годишниот Холанѓанец минатата сезона одигра 34 натпревари во Ередивизие, постигнувајќи 3 гола и 7 асистенции.

