Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа не успеа во полуфиналето на ИТФ Фјучрсот во Рим. Во дуел со Кипранката Ралука Сербан, Ѓорческа загуби во три сета со 1:2 (7:5, 4:6, 4:6).
Лина успеа да го добие првиот сет по тешка борба која траеше еден час, а потоа Кипранката која има и подобар ВТА ранкинг од нашата тенисерка направи пресврт.
ИТФ Фјучрсот во Рим се игра за награден фонд од 60.000 долари