Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вардар засилен пристигна на подготовки на Златибор
    Фудбал

    Вардар засилен пристигна на подготовки на Златибор

    sasoBy saso15/07/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалерите на Вардар, предводени од стручниот штаб, денеска пристигнаа на Златибор во Србија, каде што по првичните подготовки во Скопје, ќе го реализираат главниот дел на летните подготовки пред почетокот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

    Заедно со тимот на летните подготовки отпатува и Владица Брдаровски, актуелниот репрезентативец на Македонија, кој повторно го носи дресот на „црвено-црните“, Ласо Фигураедо Педрињо, второто засилување на клубот, кој доаѓа од бугарскиот тим Мињор Перник, како и Лука Трајковски, фудбалер кој претходно настапуваше за екипата на Победа Прилеп.

    Покрај нив во ростерот на екипата се вратија и фудбалерите Мартин Блажевски, кој минатата полусезона настапуваше како позајмен играч во тимот на ФК Скопје, и Бењамин Демир, кој по пауза од неколку месеци повторно е во Вардар.

    Вардар ќе биде сместен во хотелот “Палисад”, кој во целост ги нуди најдобрите услови за тренинг и релаксација, а покрај тоа тренерот Бобан Грнчаров заедно со своите асистенти, преку одигрување на неколку пријателски натпревари, ќе има можност да поработи на тактичкиот дел и воигрувањето на екипата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.