Екипата на Вардар и официјално го претстави Владица Брдаровски како свој нов член. Десниот бек се враќа во клубот со кој ги постигна најголемите успеси, играше во групната фаза од Лигата на Европа, и освојуваше титули во домашниот шампионат.
Репрезентативецот на Македонија повторно ќе ги брани боите на клубот, за кого во периодот од 2015 – 2020 година, одигра 152 официјални натпревари, освои 4 титули и беше дел од историскиот пласман на Вардар во Лигата на Европа. Брдаровски секако е големо засилување за Вардар од каде се најавуваат уште неколку нови имиња до почетокот на сезоната.
Вардар во моментов е на подготовки на Златибор каде што ќе го одработи главниот дел пред стартот на шампионатот.