Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија остана на 68-то место на ФИФА ранг-листата
    Фудбал

    Македонија остана на 68-то место на ФИФА ранг-листата

    risteBy riste20/07/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Maкедонската фудбалска репрезентација и натаму е на 68. место на ранглистата на најдобрите светски селекции објавена од Светската фудбалска федерација (ФИФА).

    По јунските квалификациски натпревари за Европското првенство Германија, Македонија имаше 1.350 бода, а бидејќи потоа не одигра ниту еден натпревар, остана на истата позиција на која беше пред еден месец.

    На врвот на рангирањето и натаму е светскиот шампион Аргентина, а потоа следат Франција, Бразил, Англија и Белгија. Хрватска во моментов е шеста, Холандија седма, додека Италија е осма, Португалија е деветта, а Шпанија е на десеттото место.

    Најголемиот скок на листата овој месец очекувано направи Мексико, селекција која што неодамна го освои Голд купот, шампионатот на Централна и Северна Америка.

    Од противниците на нашата селекција во квалификациите за ЕП, Украина е на 24-то место, додека Малта е на 171-то место.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.