Италијанскиот Милан е на чекор да го ангажира нигерискиот офанзивен играч за врска на Виљареал, Самуел Чуквуезе , објави „Фудбал Еспања“.
Според изворот, зделката е многу блиску до целосен договор и ќе ги чини Росонерите 25 милиони евра, со што е целосно задоволен шпанскиот клуб, бидејќи Самуел има само една година од актуелниот договор со жолтата подморница. Чуквуезе веќе се договорил со Милан за личните услови на договорот, играчот ќе добива 4 милиони евра годишно и ќе потпише петгодишен договор.
Самуел Чуквуезе минатата сезона одигра 37 натпревари во Ла Лига за Виљареал, постигнувајќи шест гола и четири асистенции, а неговата вредност се проценува на 25 милиони евра.

